Мистериозен настан ги вознемири жителите на Суботица, откако во канал било пронајдено тело на лама.

Ламите не се својствени за европското поднебје и се животни од семејството на камилите.
Потекнуваат од Јужна Америка, и се чести жители во зоолошките градини во Европа.
За пронајдената почината лама во Суботица, известија тамошните локални медиуми.
Објавија и видео снимки, како и апел, доколку било кој има информација од каде потекнува животното и кој бил неговиот сопственик, веднаш да ги контактира надлежните служби, со цел да се разреши мистеријата.
В.К.

