Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот, соопштија од ССМ.
Протестот / блокадата ќе се одржи пред Собранието на Македонија, односно на улиците – “11-ти Октомври“ и “Даме Груев” .
-Пратениците цела година молчат за предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати.
За да ги заштитиме интересите на работниците, работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањети на минималната плата ( од сегашната минимална плата и новата минимална плата).
Пратениците се глуви на работничките барања за зголемување на работничките плати, а работниците им дале мандат да уживаат во луксузот со 79% зголемени плати кои дополнително ќе се зголемат за 12,6 % доколку Уставниот суд ја укине Уредбата на Владата од минатата година и ќе се зголемат за 9,2% колку што пресмета Гувернерот на Народната банка дека изнесува порастот на просечната плата за 2025 година или ќе добијат вкупно 21,8% зголемување на нивните плати.
Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 евра за раборниците е срамно.
Истите пратеници кои уживаат право на собраниско бифе по ниски цени и трошоци за патување до нивното работно место е нешто што им го скратиле на работниците и нешто што не им го утврдуваат како право на храна и превоз на работниците.
Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку БЛОКАДАТА ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците, порачаа од ССМ.
Деск
ПРОТЕСТ СО БЛОКАДА ЗАПОЧНУВА УТРЕ ВО СКОПЈЕ: ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ОДАТ НА РАБОТА КАКО РАБОТНИЦИТЕ, СО ГРАДСКИ ПРЕВОЗ, ВЕЛАТ ОД ССМ
2 Mins Read
Previous Article11.000 АДМИНИСТРАТИВЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

