Општина Велес ја објави програмата по повод одбележувањето на празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун.
На 14-ти февруари во Малдински парк ќе се одржат голем број на забавни содржини, и тоа со почеток од 12 часот, кога ќе настапи фолклорниот ансамбл Вила Зора.
Следуваат гостувања на повеќе ансамбли, културно – уметнички друштва, како и бендови.
Како главни музички гости на настанот се најавени Љубојна, чиј концерт ќе започне во 20.45 часот.
-И оваа година заедничкото чествување на Свети Трифун, заштитникот на лозјата и виното, ќе помине во знакот на квалитетни вина, вкусна храна и одлична музичка програма.
Денот ќе започне со фолклорниот ансамбл “Вила Зора”, потоа ќе ги слушаме прекрасните грла од детскиот хор “Св.Кирил и Методиј”, следуваат настапите на Ансамбл “Керамичар”, Велешка чалгија, КУД “Коле Неделковски”, Стакато Бенд, Екстрим Бенд, а за комплетен впечаток на вечерта ќе уживаме со Игор Димовски-Пауза за ракија и Љубојна, соопшти градоначалникот Марко Колев.
В.К.
,,ЉУБОЈНА” ЌЕ НАСТАПИ ВО ВЕЛЕС НА СВЕТИ ТРИФУН: НАЈАВЕНА ЦЕЛОДНЕВНА ЗАБАВА СО ВИНО И ХРАНА
1 Min Read
Previous ArticleВО ПАРИЗ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НОЌ НА МАКЕДОНСКИТЕ ВИНА!

