Ѕидот на домот на лице од Кавадарци бил оштетен, откако било пукано кон истиот. Пукањето се случило во одреден период во изминатите две недели, но нема прецизна информација за точно време, ниту пак за евентуален мотив.
-Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци, Б.Н.(69) од Кавадарци пријавил дека во периодот од 24.01.2026 до 08.02.2026 било пукано кон неговиот дом во Кавадарци и бил оштетен ѕид, а на терасата биле пронајдени две испукани дијаболи, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Деск

