Фотографија од последната заедничка сцена на легендарниот актер Ѓорѓи Колозов (1948-2003) и неговата сопруга, актерката Шенка Колозова е објавена на Фејсбук страницата ,,Ѓорѓи Колозов”, која е посветена на неговиот лик и дело.
Автор на фотографијата и текстот под истата е Горан Марковски, администраторот на страницата, кој појаснува дека сцената е од последната македонска приказна, „Двајцата браќа на правина взандана“, од 2003 година во режија на Драган Велјановски.
-По оваа приказна – молк. Со заминувањето на Царот, се стави и точка на приказните.
Заврши една ера. Заврши една серија што со иста популарност цели две децении ги освојуваше срцата на гледачите.
Ако не се случеше неговата прерана смрт, којзнае уште колку незаборавни приказни ќе имавме? Недостига неговата појава. Неговиот глас. Неговото присуство.
Имаше само 55 години и огромна желба за живот и творештво, пишува Марковски под фотографијата од ликовите со кои растеа многу генерации.
-Кој би рекол дека токму ова ќе биде крајот?!
Ѓорѓи и Шенка во својот најпоследен дијалог – во легендарната, култна и незаменлива серија на сите времиња „Македонски народни приказни“, серија што со децении беше и е дел од колективната меморија на македонскиот народ. Континуирано се снимаше и емитуваше цели 19 години, сè до заминувањето на Царот, напиша Марковски.
Колозов почина ненадејно на 13 октомври 2003 година. Со Шенка имаат две ќерки, Катерина и Кристина.
Деск
Фото и извор на информација: Горан Марковски
ОБЈАВЕНА ФОТОГРАФИЈА ОД ПОСЛЕДНАТА ЗАЕДНИЧКА СЦЕНА НА ЃОРЃИ И ШЕНКА КОЛОЗОВИ: УШТЕ КОЛКУ ПРИКАЗНИ ЌЕ ИМАВМЕ, АКО НЕ ЗАМИНЕШЕ ПРЕРАНО?
2 Mins Read
Previous ArticleУРНЕБЕСНАТА КОМЕДИЈА ,,СВАДБА“ УРИВА РЕКОРДИ!
Next Article НАД 150 ТАТУ АРТИСТИ ОД СВЕТОТ ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ!

