Со цел отворање на поширока јавна дискусија за значењето, предизвиците и етичките аспекти на трансплантацијата, во Битола, се одржа втора трибина посветена на оваа исклучително важна тема “Органодарителство во Македонија” .
На едно место беа обединети врвни медицински експерти, трансплантациски координатори, претставници на верските заедници, правници, како и пациенти и донори, сите со заедничка мисија: подигнување на свеста и градење култура на донорство.
– Трансплантацијата е врв на медицината, но и врв на човечноста. Таа бара знаење, организација и систем, но пред сè доверба, солидарност и храброст. Секој спасен живот е доказ дека кога институциите, стручната фела и заедницата се обединети, надежта станува реалност.
Подигнувањето на свеста за донорството не е само избор, тоа е општествена одговорност и хуманост која може да спаси или да го подобри квалитетот на животот, посочи проф.д-р Кузмановска појаснувајќи ги условите кој може да биде дарител, комплексноста на процедурите, но и подготвеноста на здравствениот систем за овие сложени трансплантациони процедури.
Деск
Previous ArticleХИТ ПРЕТСТАВАТА ,,СПОНЗОРУША И БУДАЛА” ДОАЃА ВО СКОПЈЕ

