Свечената церемонија на затворање на Зимски олимписки игри 2026 се одржа синоќа во Верона, во историската Веронска арена.
Настанот беше спектакуларен и ја спои спортската традиција со богатото културно наследство на Италија.
Церемонијата го означи официјалниот крај на Игрите, со традиционалното дефиле на спортистите, гасење на олимпискиот оган и примопредавање на олимпиското знаме на домаќинот на следните Зимски олимписки игри, Франција, каде ќе се одржат во 2030 година.
Уметничката програма беше инспирирана од италијанската музика, мода и дизајн, како и современи сценски и технолошки ефекти.
Веронската арена, еден од најдобро сочуваните римски амфитеатри во светот, обезбеди уникатна атмосфера за финалната вечер на олимпискиот спектакл.
Со оваа церемонија Италија ја заокружи својата улога како домаќин, испраќајќи порака за единство, спортски дух и меѓународна соработка.
Македонските олимпијци Ставре Јада, Ана Цветановска, Виктор Петков и Јана Атанасовска се вратија без освоени медали.
Б.Н.

