Момче на возраст од 14 години удрило во бетонски столб со патничко возило, при што негов врсник е тешко повреден. Со повреди завршил и 14-годишниот ,,возач”, како и уште еден сопатник на возраст од 16 години.
Според Минситерството за внатрешни работи, вчера во 20:30 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека во с.Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од с.Дебреште, удрило во бетонски столб.
-Во несреќата, 14-годишен сопатник од с.Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник од с.Дебреште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градска општа болница Прилеп.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, известија од полицијата.
Деск

