По 30 години, владиката Петар е разрешен од администратор на Австралиско-новозеландската епархија, а на негово место е избран нов митрополит.
Станува збор за епископот Велички Никола кој бил избран на денешната синодска седница во полн состав, а информацијата ја објави Религија Мк.
-Неодамна архиепископот Стефан и премиерот Христијан Мицкоски имале работна вечера, за која не извести ниту Владата, ниту МПЦ-ОА. Една од темите била и состојбата во Австралија.
Некои непотврдени извори велат дека причината за брзањето може да се бара во две опции. Едната е некаква државна интервенција, овдешна, но и на австралиските власти, а другата може да биде во некакви здравствени причини, објави Религија Мк.
Деск
ВЛАДИКАТА ПЕТАР Е РАЗРЕШЕН ОД АДМИНИСТРАТОР НА АВСТРАЛИСКО-НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА
1 Min Read

