Во духот на поетската традиција и силата на зборот, Анеке Брасинга е добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за оваа година, соопшти министерот за култура, Зоран Љутков.
-Денес во МАНУ го прогласивме ова значајно признание, момент што беше повеќе од формалност, вистинско сведоштво за моќта на поезијата како тивка, но длабока сила што го менува начинот на кој го доживуваме светот.
Нејзиното творештво нè потсетува дека вистинскиот збор доаѓа со трпение, дека тишината има значење и дека поезијата секогаш го наоѓа својот пат до човекот. Со својата работа, Брасинга гради мостови меѓу јазици, култури и поетски традиции.
Со ова признание ја зацврстуваме културната врска меѓу Македонија и Холандија, отворајќи простор за нови преводи, литературни средби и заеднички културни приказни, стакна министерот.
Тој додаде дека струшките вечери на поезијата продолжуваат да ја негуваат традицијата на вреднување на врвното поетско творештво, поврзувајќи го светот преку зборот, а поезијата е заеднички јазик што нè обединува сите.
Деск
АНЕКЕ БРАСИНГА Е ДОБИТНИЧКА НА ,,ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ” НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА
1 Min Read
Previous ArticleСО НАД 40 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ СЕ ОБНОВУВААТ СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ И ОБЈЕКТИ ВО УЧИЛИШТА СО ЦЕНТРИ ЗА УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ
Next Article ЗДРАВКО ЧОЛИЌ СНИМИ НОВА БАЛАДА

