Актерот Чак Норис почина. Пред 10 дена тој го прослави својот 86-ти роденден. Мајсторот во боречки вештини, кој стана икона на акционите филмови и ѕвезда на култната серија “Вокер, Тексас Ренџер”, беше хоспитализиран на Хаваи во четвртокот, а неговото семејство ја потврди веста за неговата смрт во петокот наутро.
Во соопштение до медиумите, неговото семејство побара приватност. “Иако во овој момент би сакале да ја зачуваме приватноста, сакаме да знаете дека беше опкружен со своето семејство и почина мирно”, рекоа тие.
“За светот, тој беше познат како мајстор на боречки вештини, актер и симбол на сила. За нас, тој беше посветен сопруг, грижлив татко и дедо, неверојатен брат и срцето на нашето семејство. Живееше со вера, цел и непоколеблива посветеност кон луѓето што ги сакаше.
Преку неговата работа, дисциплина и добрина, тој инспирираше милиони ширум светот и остави траен белег во животите на многумина”, се вели во соопштението од семејството.
Б.Н.

