-Двапати го победив Чак Норис, одамна беше тоа, кога тој не беше многу популарен, раскажа прочуениот каратист Енвер Идризи (59), кој е роден во Скопје, а направи голема меѓународна кариера.
-Мене ме повика еден човек од Осијек да дојдам да се борам во САД и Канада. Таму ги освоив сите турнири. Двапати го победив Чак Норис. Нема медала која ја немам освоено. Чак Норис како млад замина во амерканската војска, а паралелно тренираше карате. Кога се врати од војната глумеше во некои филмови во Виетнам, а во еден се бореше со Брус Ли.
Тогаш неговата популарност тргна нагоре со неверојатна брзина. Не дека се дружевме интезивно, сепак тој беше постар од мене. Но, сите тие луѓе, Чак Норис, Жан Клод Ван Дам, Стивин Сегал, никој од нив нема поим за боречкиот спорт, своевремено кажа Идризи.
Светскиот шампион во карате долг период живееше во Хрватска, а пред осум години, кога дојде во Скопје, ја посети Општина Чаир.
Тогашниот градоначалник Висар Ганиу кажа дека спортската сала во училиштето ,,7 Марси“ е именувана Енвер Идризи, со надеж дека токму од таа спортска сала ќе произлегуваат и многу олимписки и светски шампиони како Енвер Идризи.
Деск

