Тело на починато женско лице било пронајдено денес околу 10.40 часот, во близина на Зрновска Река, кај местото познато како Ѓошевски орев, во Општина Кочани.
Јавен обвинител извршил увид на местото на настанот, а телото било предадено на обдукција. Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи, од каде посочуваат дека се утврдува идентитетот на починатата, како и околностите под кои настапила смртта.
За настанот известија и регионалните медиуми, а според првични, неофицијални информации, станувало збор за девојка чиј идентитет е непознат, а која била силувана и обезглавена.
Деск

