Маж од Турција сакал да и купи возачка дозвола на сопругата, за која му биле побарани 2.700 евра, а откако не ја добил возачка, случајот го пријавил во полиција.
-Вчера во 11:07 часот во ОВР Гостивар, 33-годишен маж од Р.Турција пријави дека бил измамен од А.И. за сума од 2700 евра.
Според пријавеното, во текот на 2026 година, тој се договорил со лицето во врска со посредување и добивање возачка дозвола за неговата сопруга, му исплатил 2000 евра, а остатокот од 700 евра требало да ги исплати по добивањето на возачката дозвола.
Но, услугата не му била завршена, а пријавениот не сакал ниту да му ги врати парите, соопштија од СВР Тетово.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Деск
САКАЛ ДА И КУПИ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА СОПРУГАТА ЗА 2.700 ЕВРА, НЕ ВИДЕЛ НИ ВОЗАЧКА, НИ ПАРИ
1 Min Read

