Засега снабдувањето со гориво е во одлична кондиција, што значи дека има доволно деривати. Пазарната инспекција ги провери и оние пет дена што мора да имаат резервни колични, сите имаат.
Што значи дека сега засега нема никаков проблем со снабдувањето, но ќе пратиме и понатаму и ќе видиме дали овој процент ќе остане ист и како ќе се одвива понатаму, кажа во гостувањето во „Тема на денот“ на ТВ Сител министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Таа истакна дека во услови на сериозен ценовен притисок на светските пазари, Владата реагираше со конкретна мерка – намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%, со цел да се ублажи ударот врз граѓаните и компаниите, особено по наглиот раст на цените во изминатите две недели.
Додаде дека денес повторно ќе има средба со претставници на ОКТА на која треба да се разговара за цената на горивата, и ќе се направи се за граѓаните да немаат ценовни шокови.
Деск
Previous ArticleЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО ЗАПОЧНУВА ВО НЕДЕЛА, НА 29 МАРТ

