Новиот јавен обвинител на РСМ, Ненад Савески го имаше своето прво ТВ интервју по изборот на функцијата, за 360° на МРТ 1.
Во интервјуто тој кажа дека се надева дека извршната власт ќе ја разбере важноста за стабилно и финансиски поддржано Јавно обвинителство.
Неговиот аргумент, за кој рече дека ќе му го каже и на премиерот Мицкоски, е дека не може сиромашно обвинителство соодветно да се за бори против богатиот криминал.
-И претходно сум кажал и денес сакам да повторам – основната работа на јавните обвинители е да откриваат и гонат сторители на кривични дела. Со недоволни финансиски средства не може да се очекува квалитетно вршење на овие активности. За да може да се следи криминалот и чекорот по кој се движи криминалот, ние мора да имаме финансиски средства.
Факт е дека криминалот е богат. Факт е дека и од претходните раководители на јавното обвинителство беше истакнувано дека се потребни финансиски средства. Така што, апсолутно стојам на тоа дека јавното обвинителство треба финансиски да се поддржи онолку колку што е потребно, а услови за гонење и за откривање на криминалот мора да се создадат. Една од основите, секако, е финансиската поддршка, истакна Савески.
Деск
САВЕСКИ: СИРОМАШНО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ МОЖЕ СООДВЕТНО ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ БОГАТ КРИМИНАЛ!
1 Min Read

