Францускиот спортски гигант Decathlon го проширува своето присуство на Балканот со отворање на својата прва продавница во Косово, означувајќи значаен чекор во стратегијата за регионален раст на компанијата.
Новата продавница, која е лоцирана во главниот град Приштина, во популарниот Приштина Мол, вратите ги отвора денес, и ќе понуди широк асортиман на спортска опрема и облека, наменета за професионалци, рекреативци и љубители на активен живот. Со овој потег, Decathlon има за цел да го направи спортот подостапен за сите, следејќи ја својата глобална мисија.
Отворањето на продавницата се очекува да донесе и нови работни места, како и да придонесе кон развојот на локалната економија. Компанијата веќе најави дека ќе соработува со локални партнери и ќе вложи во развој на спортската култура во земјата.
Decathlon е познат по своите пристапни цени и сопствени брендови, кои покриваат повеќе од 70 различни спортови. Со влезот на косовскиот пазар, компанијата дополнително го зацврстува своето присуство во Југоисточна Европа, каде веќе успешно работи во неколку земји од регионот.
Оваа инвестиција се гледа како позитивен сигнал за економската клима во Косово, кое во последните години привлекува сè поголем интерес од меѓународни компании.
Деск
ФРАНЦУСКИОТ СПОРТСКИ ГИГАНТ ДЕКАТЛОН ДЕНЕС ЈА ОТВОРА СВОЈАТА ПРВА ПРОДАВНИЦА ВО КОСОВО, ВО ПРИШТИНА МОЛ
1 Min Read

