СВР Велес поднесе кривична пријава против С.В.(45) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
-На 03.02.2026, пријавениот неовластено и без знаење на оштетената- овластена сметководителка го искористил нејзниот број на уверението, кое било прикачено на isos.com.mk и го употребил за завршна сметка во Централен регистер.
Оштетената, истиот ден на електронска адреса била известена дека правно лице од Неготино поднело завршна годишна сметка со нејзиното уверение, кое било направено без нејзина согласност, a ниту пак таа ја имала изработено завршната сметка, известија од секторот.
Од таму посочуваат дека на 24.02.2026 бил извршен службен разговор со пријавениот, управител на правното лице од Неготино, кој изјавил дека поднел завршна сметка за неговото правно лице бидејќи неговиот сметководител не бил внесен во Централниот регистер.
Тој земал број од страната на isos.com.mk, која била достапна за сите и ја поднел годишната сметка со бројот на уверението на оштетената, соопштија од полицијата.
Деск
ОШТЕТЕНА ОВЛАСТЕНА СМЕТКОВОДИТЕЛКА, НЕГОТИНЕЦ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НЕОВЛАСТЕНО НАВЛЕГУВАЊЕ ВО КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ
1 Min Read

