Веќе неколку дена се измачува штрк во село Војшанци, неготинско, чија нога била заплеткана во ќеса. Како што појаснуваат мештаните за ВИКИМЕДИА, штркот е во гнездото и не може да летне, и сериозно стравуваат за неговиот живот.

-Во село Војшанци, кај автобуската постојка, веќе неколку дена има штрк во гнездото на бандерата кој не може да се помрдне. Неговата нога е заплеткана во најлонска ќеса и поради тоа стои во место и е во опасност.
Апелираме до надлежните служби, ветеринарни организации или сите хумани луѓе кои можат да помогнат, да реагираат што поскоро! Да не дозволиме ова прекрасно суштество да страда. Секоја помош е добредојдена, велат мештаните.
Со цел да се спаси животот на птицата, апелот е адресиран и до противпожарната служба или до било која компанија која има соодветна механизација, бидејќи штркот веќе со денови е без вода и храна.
В.К.

