Силни снопови светлина кои се движеле и вкрстувале на ноќното небо и биле видливи од различни делови на градот, синоќа предизвикаа паника и збунетост кај дел од битолчани, кои необичната светлосна појава на небото ја протолкуваа како можна појава на НЛО. 
Некои од граѓаните споделуваа фотографии и видеа на социјалните мрежи, прашувајќи се за што станува збор. Природен феномен, воени воздухоплови, па дури и вонземјани беа дел од претпоставките кои граѓаните ги споделуваа во коментари.
Сепак, мистеријата брзо беше разјаснета.
Станувало збор за моќни рефлектори поставени како дел од маркетинг и визуелен ефект за отворањето на ново казино во градот, а лица кои присуствувале на отворањето кажаа дека целта била да се создаде впечатлива атмосфера, а не паника помеѓу населението.
Деск
СВЕТЛИНАТА НА НЕБОТО КОЈА СИНОЌА ГИ ВОЗНЕМИРИ БИТОЛЧАНИ ДОАЃАЛА ОД РЕФЛЕКТОРИ, КАКО ВИЗУЕЛЕН ЕФЕКТ ПРИ ОТВОРАЊЕ НА НОВО КАЗИНО ВО ГРАДОТ
1 Min Read
Previous ArticleПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ УТРЕ ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ ТРКА

