Општина Центар 1.800 – 2.400 € за квадрат, Карпош од 1.400 – 1.900 €, Аеродром од 1.100 – 1.500 €, Гази Баба од 900 – 1.300 €, Кисела Вода од 950 – 1.350 €, Бутел од 750 – 1.100 €. Тоа се просечните цени за метар квардатен за 2026 година, за недвижнини во Скопје, кои ги објави огласникот за недвижнини Мој Простор Мк.
Како што е истанато, на цената на станот влијаат: спратот (повисоките спратови со убав видик се поскапи), годината на изградба, енергетска класа, паркинг место и близина до јавен превоз.
Нова градба во Скопје се движи од 1.200 до 2.500 € по м² во зависност од локацијата, додека постарите станови (изградени пред 1990) обично се 20–30% поевтини, но носат дополнителни трошоци за реновирање.
Високите цени на становите во Скопје стануваат сè поголем товар за граѓаните, особено за младите семејства и лицата со просечни примања. Во последните неколку години, пазарот на недвижности бележи континуиран раст, при што цената по квадратен метар во одредени делови од градот достигнува рекордни нивоа.
-Со просечна плата речиси е невозможно да се купи стан без кредит кој ќе се отплаќа со децении, велат дел од граѓаните.
Банкарските кредити, иако достапни, често значат долгорочен финансиски товар и несигурност.
Од друга страна, инвеститорите тврдат дека цените се реални со оглед на зголемените трошоци за материјали, работна сила и земјиште. Според нив, побарувачката е сè уште висока, што дополнително го одржува растот на цените.
Економистите предупредуваат дека доколку трендот продолжи, можно е дополнително продлабочување на социјалните разлики и намалување на достапноста на домувањето.
Деск

