-Беше ѕвер на сцената, а ангел во душа, со овие зборови ја опишуваат Билјана нејзините колеги, актери. На денешен ден почина познатата актерка Билјана Беличанец (1973-2019), со чија улога на Туфи во ,,Здраво генијалци” во 90-тите пораснаа многу генерации. Таа остави белег во многу култни македонски серии, а веста за нејзината смрт ја потресе јавноста.
Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 година до 2017 година. Последните улоги ги имаше во претставите „Господа Глембаеви”и „Последните Македонци” во матичниот Драмски театар. Глумеше во повеќе ТВ-проекти и натсихронизираше гласови во турски серии, од кои најмногу беше позната по улогата на Хурем во „Сулејман Величествениот“.
Беличанец е родена на 25 јули во 1973 година во Скопје. Во 1994 година дипломираше како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Истата година се вработи во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп каде претежно играше главни улоги за кои доби многу награди и признанија. Во 1997 година се вработи во Драмски театар – Скопје.
Таа зад себе остави две малолетни деца од првиот брак. Нејзин втор сопруг беше режисерот Сашо Миленковски. Домот на културата во Општина Кисела Вода го носи нејзиното име.
По смртта, писателот,поет и есеист Венко Андоновски и напиша емотивни стихови со посвета.
Деск

