Астронаутите на „Артемис II“ се упатија кон Земјата откако извршија историско прелетување покрај Месечината, а од нивното вселенско летало беа сведоци на целосно затемнување на Сонцето.

Вселенското летало го достигна своето максимално растојание од Земјата – 252 756 милји, односно 406 771 километар – за време на прелетувањето покрај Месечината. Екипажот веќе го сруши претходниот рекорд за најдалечно растојание што луѓето го поминале во вселената.
За време на затемнувањето, леталото се приближи најблиску до Месечината и достигна максимална оддалеченост од Земјата.
Во едночасовното затемнување, екипажот бил сведок на некои ретко видени феномени кои се видливи само на неосветлен дел од Месечината. Тие пријавиле шест светлосни блесоци создадени од метеороиди кои удираат во површината на Месечината додека патуваат со илјадници милји на час.
Астронаутите треба да се спуштат во Тихиот Океан покрај западниот брег на САД во петок во 20:07 часот по источно американско време (во сабота 02:07 часот по локално време).
Деск

