По 13 години институционален молк и неправда, 109 вработени во ЈКП „Комуналец“ Гостивар конечно го добиваат она што одамна требало да им биде гарантирано – здравствено осигурување, обајви министерот за здравство, Азир Алиу.
-Денес, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување(ФЗО), Сашо Клековски, соопштивме дека со склучување спогодба за отплата на долгот на рати на претпријатието кон ФЗО, се исправува една недозволива состојба што предолго била оставена без решение. Овие луѓе не останале без осигурување по своја вина, туку поради години на институционална пасивност, неодговорност и игнорирање.
Ова е враќање на едно основно право што им било одземено на луѓе кои секојдневно работат и му служат на својот град, соопшти министерот.
Додава дека не смее ниту еден човек што чесно ја извршува својата работа да живее без здравствена осигурување затоа што некој со години бегал од одговорност.
Деск
АЛИУ: НА 109 ВРАБОТЕНИ ВО ЈП КОМУНАЛЕЦ ГОСТИВАР ИМ ГО ВРАЌАМЕ ПРАВОТО КОЕ ИМ БИЛО ОДЗЕМЕНО
1 Min Read

