Сѐ поголем број македонски граѓани секој викенд ја минуваат границата со Србија, упатувајќи се кон Врање, каде што пазарувањето станува редовна рутина. Особено привлечен е Ритејл паркот во овој град, кој нуди широк избор на производи по пониски цени во споредба со домашниот пазар.

Најголем интерес има за маркетот „Лидл“, каде што купувачите велат дека можат значително да заштедат, особено при купување на основни прехранбени производи, средства за хигиена и сезонски артикли. Дел од посетителите истакнуваат дека разликите во цените се доволна причина за редовни викенд-патувања.
Дополнителна погодност за македонските купувачи е тоа што продавниците во Врање, вклучително и „Лидл“, работат и во недела – ден кога голем дел од маркетите во Македонија се затворени. Ова им овозможува поголема флексибилност и можност за организирање на шопинг без брзање.
Иако патувањето бара дополнително време и трошоци, многумина сметаат дека заштедата и изборот што го нуди српскиот пазар ја оправдуваат одлуката. Трендот на викенд-шопинг во Врање, според граѓаните, продолжува да расте, особено во услови на зголемени трошоци за живот.
Деск

