-Кога му соопштив на сопругот дека нашето бебе има дијагноза Даунов синдром со прашањето „Што ќе правиме сега?“, тој ми рече „Ќе живееме“. Со овие зборови ја започнува приказната мајката на Александар Матовски Цако, Снежана, за порталот Црнобело.Мк.
Семејството Матовски живеело со безрезервна поддршка и верба во Цако и неговите способности, што не само што него му помогнало лично да се развива, туку придонесува и за подигање на свеста за инклузијата на лицата со попреченост.
Денес, по 32 години, Цако има завршено Педагошки факултет, насока предучилишно воспитание, а е вработен во Град Скопје. Радиоводител е на емисијата „Јас сум Цако“на Радио МОФ – интернет радио, автор е на збирка поезија, но и активно вклучен во многу проекти и акции. Тој е препознатливо лице во јавноста токму поради вклученоста во бројни проекти, и е пример за тоа како со правилна поддршка и можности, лицата со Даунов синдром можат да водат исполнет и значаен живот.
Ова момче денес живее исполнет и среќен живот, рушејќи ги предрасудите и инспирирајќи ја заедницата.
Деск
Previous ArticleТАЊА КОЧОВСКА НАГРАДЕНА НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ ,,5-РЕ”

