Во 2031 година во Македонија ќе се спроведе првиот целосно електронски попис на населението. Ќе нема теренски попишувачи, а податоците ќе се извлекувале од регистрите на институциите.
Државниот завод за статистика веќе започнал подготовки за воспоставување статистички систем базиран на регистри, со цел пописот да се спроведе електронски, со методологија на користење административни извори.
Според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, не смеат да се повторат пропустите од пописот во 2021 година, кога се попишуваа лица кои се во странство и не се резиденти на државата.
На последниот попис беа преброени 1.836.713 лица како резидентно население, а како „нерезидентно население“, односно оние граѓани што се повеќе од 12 месеци во странство, беа попишани 260.606 лица.
Деск
БЕЗ ТЕРЕНСКИ ПОПИШУВАЧИ, ВО 2031 ГОДИНА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРОНСКИ ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО
1 Min Read

