Поради претстојните празници поврзани со Велигден, голем број македонски граѓани уште од денеска заминуваат на продолжен викенд во Грција.
Граничните премини кон јужниот сосед веќе бележат зголемена фреквенција на возила, а се очекува интензитетот дополнително да се зголеми во текот на денот и утрешниот ден. Според последните информации, утрово се чекало по околу 20 до 30 минути за влез во Грција.

Туристичките агенции информираат дека интересот за кратки патувања е значително зголемен, особено за популарните дестинации како Солун, Халкидики и крајбрежните места долж Егејското Море. Дел од граѓаните се одлучуваат и за приватно сместување, користејќи ги поволните временски услови и празничните денови за краток одмор.
Се очекува најголем бран на враќања да има кон крајот на празничниот викенд, кога повторно ќе се зголеми фреквенцијата на возила на влез во земјава.
Деск

