Синот на поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, Ксавиер, проговори за врската на својот татко со пејачката Кети Пери. Поранешниот премиер и музичката икона ја потврдија својата врска со објава на Инстаграм во декември 2025 година. Двајцата имаат деца од претходни врски, а Ксавиер сега откри што мисли за новата партнерка на својот татко.
Ксавиер, познат како Ксав, се појави на подкастот “Can’t Be Censored” на 8 април и ја опиша Кети Пери како “супер фина” и “приземна” личност. Трудо има три деца со неговата поранешна сопруга Софи – Ксавиер, Ела-Грејс и Адриен, додека Пери има ќерка, Дејзи Дов Блум.
“Таа е супер фина. Навистина е приземна. Одлична е”, рече 18-годишниот Ксав, додавајќи: “Мислам дека татко ми е среќен, а тоа е најважно”.
Ксав откри дека е вклучен и во музиката и понекогаш ги испраќа своите песни на партнерката на неговиот татко за да го добие нејзиното мислење и совет.
“Кога сум навистина задоволен од некоја песна, ѝ ја испраќам”, објасни тој. “Таа секогаш е среќна да ми даде совет или да ми каже што треба да променам.”
Б.Н.
СИНОТ НА ЏАСТИН ТРУДО РАСКАЖА ШТО МИСЛИ ЗА ВРСКАТА НА ТАТКО МУ СО ПЕЈАЧКАТА КЕТИ ПЕРИ
1 Min Read

