20-гоишник од Скопје, и 26-годишна девојка, исто така од Скопје, биле приведени во раните утрински часови во Кавадарци, соопшти полицијата.
Како што информираат од МВР, на 11.04.2026 во 03:25 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле Л.С.(20) и 26-годишната Т.М., двајцата од Скопје, затоа што на Градски плоштад во Кавадарци, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување.
-По преземени мерки, било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно кај Л.С. биле измерени 0,79 промили алкохол во крвта, а кај Т.М. биле измерени 1,37 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакнаа од полицијата.
Деск
ПРИВЕДЕНИ ДЕВОЈКА И МОМЧЕ ОД СКОПЈЕ: ДОШЛЕ ВО КАВАДАРЦИ, СЕ ОПИЛЕ И НЕПРИСТОЈНО СЕ ОДНЕСУВАЛЕ НА ПЛОШТАД
1 Min Read
Next Article АСТРОНАУТИТЕ НА НАСА БЕЗБЕДНО СЕ ВРАТИЈА НА ЗЕМЈАТА

