Со многу љубов и искрена желба да се помогне, голема хуманитарна акција започна Ателје Ика од Кавадарци, а целта е сите матурантки кои имаат потреба да заблескаат на својата матура.
Се подаруваат фустани на матурантки кои имаат потреба, а исто така, секој може да се вклучи и да помогне со своја донација на фустан, ташна, чевли, асесоари или шминка. Како што е истакнато на страницата на Ателје Ика, фотографии нема да се објавуваат јавно, со цел да се зачува приватноста и достоинството.
Акцијата, која е актуелна на социјалните мрежи, и за која има детали на страниците на Ателје Ика, испрати силна порака дека малите гестови можат да направат голема разлика – особено кога станува збор за младите и нивните важни животни моменти.
И можеби токму таму, меѓу нежните ткаенини и искрените насмевки, се роди најубавата порака: дека убавината на матурата не е само во фустанот, туку во љубовта што стои зад него.
Деск
ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА КОЈА СЕ ЗБОРУВА ДЕНОВИВЕ: МАТУРА СО СРЦЕ, ФУСТАНИ ПОДАРЕНИ СО ЉУБОВ!
1 Min Read
Previous ArticleДИНО ПАРКОТ ВО ШТИП Е ЕДУКАЦИЈА И АВАНТУРА ВО ЕДНО

