Со 3,08 промили алкохол во крвта бил затекнат прилечанец, кој се возел во Неготино во утринските часови вчера. Како што информираат од полицијата, тој бил задржан вополициска станица, а возилото му било одземено.
-Вчера во 08:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Р.(54) од Прилеп.
При сообраќајна контрола, на улица „Пекарев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, што го управувал Д.Р. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3.08 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.
По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

