Основниот кривичен суд во Скопје објави пресек на судските предмети против поранешниот премиер Никола Груевски, во контекст на актуелните најави за неговата екстрадиција, тема што повторно стана актуелна по изборната победа на Петер Маѓар.
Според соопштението, против Груевски постојат правосилни пресуди со активни затворски казни, како и неколку предмети што сè уште се во судска постапка.
Според судот, Груевски треба да издржи 1 година и 6 месеци затвор за предметот „Насилство во Центар“, со рок на застарување во 2027 година, како и 9 години затвор за „Плацеви на Водно“, чија извршност застарува во 2043 година.
Во исто време, случајот „Тенк“ е веќе застарен, откако настапила апсолутна застареност во октомври 2024 година.
Активни остануваат предметите „Титаник“ и „Талир 2“, кои се водат во отсуство, бидејќи обвинетиот не е достапен за органите на прогон. За „Талир 2“ е наведено дека може да застари во текот на август оваа година.
Деск
ДЕСЕТ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ТРЕБА ДА ИЗДРЖИ ГРУЕВСКИ, ДОКОЛКУ СЕ ВРАТИ: ЕДЕН ПРЕДМЕТ ЗАСТАРЕЛ, ДРУГИ СЕ БЛИЖАТ КОН ЗАСТАРУВАЊЕ
1 Min Read

