Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ обезбеди медицински креми за лицата погодени од пожарот во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари, информираат од иницијативата.
Станува збор за набавка на 300 креми Bioderma SPF 50, 300 креми Cicatrix и 150 сетови La Roche-Posay, наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лица со изгореници. Од „Супорт Кочани“ посочуваат дека набавката е реализирана во директна комуникација со засегнатите лица и е прилагодена на нивните конкретни потреби, со цел да се обезбеди навремена и соодветна поддршка во процесот на закрепнување.
Средствата за набавката се обезбедени преку донации од граѓани и компании, а дел од процесот е спроведен со поддршка од аптеки кои овозможиле значителни попусти.
Лицата на кои им се потребни овие препарати ќе можат да ги подигнат од младинскиот центар „Гнездо“ во Кочани.
Од иницијативата нагласуваат дека оваа акција е уште еден доказ за солидарноста и заедништвото на заедницата во време кога поддршката е најпотребна.
Деск
,,СУПОРТ КОЧАНИ” ОБЕЗБЕДИ КРЕМИ ВО ВРЕДНОСТ ОД ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ
1 Min Read

