Еден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во населбата Кисела Вода, објави Скопје1.
Според првичните неофицијални информации, повредените се на возраст од 35 до 45 години, а жртвата е на 34-годишна возраст, пренесе медиумот.
Според ЦУК, првиот повик е примен во 8.14 часот, кога е пријавено дека работници се затрупани со земја и е побарана итна медицинска помош.
Од МВР пак информираат дека на градилиште на улица „Козјак“ при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со ЦУК и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице.
Деск

