Од регионалниот стационар за згрижување животни „Шепа“, лоциран во населбата Глишиќ во Кавадарци најавуваат нова едукативна иницијатива насочена кон основношколците, со цел подигнување на свеста за одговорно сопствеништво на кучиња и хуман однос кон животните.
Како што истакнуваат од стационарот, програмата ќе се реализира во основните училишта преку предавања, разговори и практични совети, при што учениците ќе имаат можност да се запознаат со клучни аспекти од грижата за домашни миленици.
„Целта ни е децата да научат што значи да се биде одговорен сопственик, како правилно да се грижат за куче, како безбедно да им пристапуваат на животните и зошто е важна грижата и хуманоста кон бездомните кучиња,“ порачуваат од „Шепа“.
Оттаму додаваат дека преку вакви активности се стремат кон создавање на посвесни и поодговорни генерации, кои ќе развиваат емпатија, почит и љубов кон животните.
Иницијативата, како што велат од стационарот, претставува чекор кон градење похумано општество, во кое благосостојбата на животните ќе биде заедничка одговорност на сите граѓани.
Деск
КАВАДАРЦИ ГИ УЧИ ДЕЦАТА НА ОДГОВОРНОСТ И ЉУБОВ КОН ЖИВОТНИТЕ: ,,ШЕПА” ЗАПОЧНУВА ВАЖНА ИНИЦИЈАТИВА!
1 Min Read
Previous Article17 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТРОЈЦА ЛЕКАРИ, ОТКАКО ПО РУТИНСКА ОПЕРАЦИЈА ПОЧИНА ДЕВОЈЧЕ ВО САРАЕВО
Next Article УАПСЕНИ ЛЕКАРИ И РАЗБИЕН ЛАНЕЦ СО НЕЛЕГАЛЕН БОТОКС!

