Американскиот милионер Ерни Досие на возраст од 75 години загина за време на ловечка експедиција во Габон, откако бил нападнат од стадо слонови во национален парк.
Инцидентот се случил додека тој ловел ретка антилопа во густата шума на паркот Лопе-Оканда.
Според локалните извештаи, ловецот заедно со водич се движел низ теренот кога наишле на група од неколку слонови, меѓу кои имало и младенче. Животните, најверојатно чувствувајќи закана, реагирале агресивно и го нападнале. Милионерот починал на лице место од здобиените повреди.
Неговиот водич бил тешко повреден во нападот, но успеал да преживее и бил пренесен на лекување. Надлежните служби започнале истрага за утврдување на точните околности под кои се случила несреќата.
Експертите посочуваат дека ваквите ситуации не се невообичаени во дивината, особено кога станува збор за слонови кои штитат младенчиња. Тие важат за едни од најопасните животни во вакви услови, бидејќи можат да реагираат непредвидливо и со голема сила.
Починатиот бил познат како искусен ловец и бизнисмен, но овој трагичен настан уште еднаш ја отвора дебатата за ловот на диви животни во нивната природна средина.
Деск

