Во доцните вечерни часови на 24 април 2026 година, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 24-годишен жител на градот, осомничен за насилство и закани.
Според информациите од полицијата, интервенцијата следела по претходна пријава дека на улицата „Ѓорѓи Соколов“ осомничениот им се заканувал и физички нападнал четири лица – три жени на возраст од 22, 26 и 27 години и 25-годишен маж, сите од Кавадарци.
Лицето било приведено и задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надлежните продолжуваат со расчистување на случајот.
Деск

