12-годишно момче од мексиканската држава Мичоакан донело тешка, но храбра одлука да го остави своето кученце во прифатилиште за животни за да го заштити од неговиот насилен татко.
Приказната за момчето Андрес кое го донело своето мало питбул кученце во прифатилиште за животни заедно со рачно напишано писмо во кое објаснува дека неговиот татко бил насилен кон кучето, го удирал и повредувал, и дека се плашел дека животното може дополнително да биде повредено или продадено, пред неколку години го обиколи светот и се најде во голем број медиуми.
За да го утеши кученцето, момчето оставило и плишана играчка со него, за да се чувствува побезбедно во новата средина. Во писмото тој ги замолува работниците во прифатилиштето добро да се грижат за него.
Настанот набргу се прошири и на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.
Околу тоа каде е денес кученцето, деталите ги објави Аол.цом. Како што пишува порталот, кученцето го добило името Рене, и до денес останало да живее во прифатилиштето.
-Рене беше повреден, и беше третиран од ветеринарите. Одлично закрепна, а околу 300 луѓе се јавија за да го вдомат. Одлучивме дека е најдобро да остане овде, во прифатилиштето, со цел да бидеме сигурни дека ќе биде безбеден и ќе ја добива потребната грижа доживотно. Тој е весело куче кое стана заштитен знак на нашето прифатилиште, раскажува Рефугио Шолин, вработен во прифатилиштето.
Деск

