Работниот ангажман на осудените лица во КПУ Затвор Струмица бележи значително проширување и унапредување, информираат од Управата за извршување на санкции. Оттаму посочуваат дека покрај веќе воспоставените занаетчиски, механичарски и земјоделски активности, како и работата во рамки на свињарската и сточарската фарма, започнат е и процес на развој на живинарска фарма.
Според Управата, во почетната фаза се обезбедени 50 несилки, со што се создаваат нови можности за работно ангажирање на осудените лица. Овој чекор, како што наведуваат, има за цел не само зголемување на продуктивните активности во установата, туку и поттикнување на стекнување практични вештини.
„Со воведување на нови работни процеси, осудените лица добиваат можност да стекнат искуства кои ќе им бидат од корист по нивното враќање во заедницата“, велат од Управата за извршување на санкции.
Од институцијата нагласуваат дека ваквите активности се дел од пошироките напори за подобрување на условите во казнено-поправните установи и за унапредување на процесот на ресоцијализација.
Деск

