Во врска со случајот на врсничко насилство што се случи во општина Ѓорче Петров, надлежните институции досега повикале вкупно 14 лица на информативен разговор, информираат од полицијата.
Според официјалните информации, дел од повиканите се малолетници кои се поврзуваат со инцидентот. Од надлежните служби се собираат изјави и материјални докази со цел целосно расветлување на настанот.
-Мора да има заеднички институционален одговор, но и поголема улога на родителите во воспитувањето и насочувањето на децата. Поради тоа што станува збор за малолетници, истрагата се води со посебна внимателност и со ограничено споделување информации во јавноста, кажа министерот Панче Тошковски.
Од полицијата посочуваат дека за дел од лицата, по извршените проверки, ќе следуваат соодветни процесни дејствија, во зависност од утврдената одговорност.
Истрагата за случајот е во тек, а институциите најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршување на постапките.
Деск
ОГРАНИЧЕНО ЌЕ СЕ СПОДЕЛУВААТ ИНФОРМАЦИИ СО ЈАВНОСТА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИЗЖИВУВАЊЕ СО ШЕСТООДДЕЛЕНКАТА ВО ЃОРЧЕ, БИДЕЈЌИ СЕ РАБОТИ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ
1 Min Read

