По речиси десет години пауза, повторно се активира мерката за откуп на ликовни дела, предвидена во програмата на Владата, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на изложба на откупени дела од конкурсот за 2026 година.
Како што истакна министерот, со оваа изложба се испраќа порака за поддршка на уметноста и нејзиното значајно место во општеството, нагласувајќи дека мерката претставува важен чекор кон континуирана и одржлива културна политика. Таа, како што додаде, ќе биде дел и од новата стратегија на Министерството за култура и туризам за периодот 2026–2030, која е во завршна фаза на усвојување.
Во рамки на годинашниот откуп се поддржани 28 автори со вкупно 37 ликовни дела, во вредност од околу 7 милиони денари. Според Љутков, со оваа мерка не само што се стимулираат уметниците, туку и значително се збогатуваат државните уметнички збирки.
„Нашата цел е да изградиме одржлив и динамичен културен систем, во кој уметниците имаат простор да создаваат, институциите да се развиваат, а публиката да има пристап до квалитетна култура“, истакна министерот.
Тој им честиташе на избраните автори и упати благодарност до комисијата за нивната работа, додавајќи дека уметноста не само што го одразува времето во кое живееме, туку и активно го обликува.
Деск
ДРЖАВАТА ПОВТОРНО ИНВЕСТИРА ВО УМЕТНОСТА – ОТКУПЕНИ 37 ЛИКОВНИ ДЕЛА ЗА 7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ!
1 Min Read

