На граничниот премин Граничен премин Евзони, на излез од Грција кон Македонија, во попладневните и вечерните часови вчера, за време на празникот 1 Мај беа забележани повеќечасовни гужви и значителни застои, а причината за забавувањето беше земањето на отпечатоци од патниците кои заминуваа од Грција.
Според сведоштва од патници, отпечатоци од прсти не биле земани при влез во Грција, туку при излез, што предизвикало невообичаено долго задржување на возилата на грчката страна од преминот. Процесот е поврзан со имплементацијата на новиот европски систем за гранична контрола ЕЕС (Entry/Exit System), кој предвидува електронска евиденција и биометриска идентификација на државјани од трети земји при влез и излез од Шенген зоната.
Поради зголемениот интензитет на сообраќај за празникот и дополнителните проверки, на Евзони се создадоа долги колони, а чекањето траеше со часови, особено во попладневните и вечерните часови на 1 Мај, кога автобуси полни со патници се враќаа во земјава.
Процедурите беше изведувано бавно, со индивидуално земање на отпечатоци од прсти, што дополнително го намали протокот на возила на еден од најфреквентните гранични премини меѓу Грција и Македонија.
Иако системот ЕЕС има за цел зголемена безбедност и подобра контрола на движењето преку надворешните граници на ЕУ, неговата примена во пракса, особено во периоди на празнични гужви, може да предизвика значителни застои.
Деск

