Познатиот музичар Горан Бреговиќ инвестирал значаен дел од своето богатство во недвижности и во проект за дом за стари лица во Пераст, Црна Гора, пишуваат регионалните медиуми.
Според информациите, Бреговиќ купил и адаптирал луксузен објект кој ќе служи како дом за повозрасни лица, а инвестицијата се проценува на неколку стотици илјади до над еден милион евра. Покрај овој проект, тој поседува и повеќе недвижности во истата област, меѓу кои и вили со висока вредност.
Бреговиќ во претходни изјави зборувал за својот однос кон парите и сигурноста, истакнувајќи дека со години го следи страв од сиромаштија, кој, како што наведува, потекнува од турбулентни животни и историски околности.
„Цел живот имам страв од сиромаштија“, изјавил музичарот, објаснувајќи зошто дел од заработката ја вложува во стабилни и долгорочни проекти како недвижности.
Проектот во Пераст, според наводите, претставува комбинација од лична инвестиција и обид да се создаде функционален простор за грижа на стари лица во едно од најпознатите приморски места во Црна Гора.
Бреговиќ, еден од најпознатите музичари од просторот на поранешна Југославија, со децении гради меѓународна кариера, додека паралелно развива и значаен портфолио на недвижности во регионот и во странство.
Б.Н.
Previous ArticleОХРИДСКО ЕЗЕРО СЕ НАЈДЕ НА МАПАТА НА НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО ЕВРОПА

