На 1 мај 2026 година во СВР Велес било пријавено дека странски државјанин останал заглавен во планински предел во близина на селото Страмашево, во општина Демир Капија, откако се расипал мотоциклот што го управувал.
Станува збор за 46-годишен државјанин на Чешка со иницијали В.Б., кој побарал помош за извлекување од непристапниот терен.
По пријавата, веднаш била организирана акција за пребарување, во која учествувале полициски службеници од ОВР Неготино, припадници на Полициската станица за граничен надзор Михајлово, како и екипа од Територијалната противпожарна единица Неготино.
По кратка потрага, лицето било пронајдено и безбедно извлечено од местото. Според информациите, чешкиот државјанин бил во добра здравствена состојба и не му била потребна медицинска помош.
Надлежните апелираат до граѓаните и туристите кои се движат во планински и непристапни предели да бидат внимателни и да ја проверуваат техничката исправност на возилата пред да тргнат на пат.
Деск

