На 2 мај 2026 година, околу 18:50 часот, на регионалниот пат меѓу селото Извор и Општина Чашка, во близина на местото викано „Врановски Анови“, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешак.
Возилото го управувал 26-годишен жител на Скопје, додека повредениот пешак, 57-годишен велешанец, се здобил со тешки телесни повреди. Тој најпрво бил пренесен во Општата болница во Велес, а потоа итно бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана понатамошна медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес. Се работи на утврдување на причините за незгодата.
Деск

