Љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневчева (11 јуни 1878 – 3 март 1920) не стигнала да се изживее, туку останала како тивка сенка на еден прекинат сон. Во историјата на македонската борба, меѓу имињата на револуционерите, тивко стои и едно женско име што носи и храброст и болка — Јанка Каневчева.

Родена во Охрид, таа не била само сведок на едно бурно време, туку негов тивок учесник. Во сенката на ТМОРО, таа пренесувала пораки, собирала помош, испраќала облека за четите — мали, но животно важни дела во големата борба за слобода. Но зад револуцијата, останува и човечката приказна.
Се раскажува дека нејзиното срце било блиску до Гоце Делчев — љубов што не стигнала да се изживее, туку останала како тивка сенка на еден прекинат сон. По неговата смрт, таа, според сеќавањата, носела жалост како да не е само загубен човек, туку и дел од неа самата.
Подоцна животот ја однел по друг пат, и по неговата смрт таа се мажи за неговиот верен другар и долгогодишен соборец, Михаил Герџиков.
Големиот револуционер Гоце Делчев загина на денешен ден во 1903 година. Тој беше првенецот на македонското револуционерно национално-ослободително движење. По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Деск

