Триесет и тригодишен жител на Битола е лишен од слобода откако утрово со нож ја убил својата сопруга, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, настанот се случил денеска (14 мај 2026) околу 06:40 часот, кога А.Р. (33) ја нападнал својата сопруга А.В. (31), со која не живеел заедно. Жената од здобиените повреди починала на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Од СВР Битола соопштија дека осомничениот веднаш е приведен и задржан во полициска станица.
Жртвата е Ајнет Вејсел, мајка на четири деца, три девојчиња и едно момче. Со сопругот не живееле заедно.
-Не го затворајте, остајте го, остајте го, бидна тоа, завршено е, се слуша гласот на роднините на убиецот пред куќата на жртвата, во видеото кое го објави ТВ Тера.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности поврзани со трагичниот настан.
Деск
ОСТАЈТЕ ГО, НЕ ГО ЗАТВОРАЈТЕ, БИДНА ТОА, ВИКААТ РОДНИНИ НА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ ЈА УБИ СОПРУГАТА И ОСТАВИ ЧЕТИРИ ДЕЦА СИРАЦИ!
1 Min Read

