Балканската музичка дива Весна Змијанац на 28 ноември ќе одржи голем концерт во Спортски центар Јане Сандански во Скопје, најавувајќи вечер исполнета со емоции, безвременски хитови и врвна продукција.
Настанот е дел од регионалната концертна серија со која Змијанац одбележува значаен јубилеј – 50 години музичка кариера. По спектакуларните настапи во Белград, каде арената беше распродадена, интересот за концертот во Скопје веќе расте.
Организаторите најавуваат дека публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови од богатата кариера на пејачката, како и во внимателно осмислена сценска продукција. Се очекува концертот да донесе силна емоција и носталгија, но и енергија што ја одбележува кариерата на една од најпрепознатливите ѕвезди на балканската музичка сцена.
Концертот во Скопје е дел од поширока турнеја која ќе ги опфати и другите регионални центри, а според најавите, ќе биде едно од најголемите музички случувања во земјава оваа есен.
Билетите и дополнителните информации се очекува да бидат објавени наскоро.
Б.Н.

