Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против двајца полициски службеници.
Станува збор за Д.С. и М.С., припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, кои се сомничат за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Според информациите од МВР, на 19 април 2026 година околу 03:00 часот, при извршување службени дејствија, полициските службеници употребиле прекумерна физичка сила врз лице лишено од слобода, при што му нанеле телесни повреди.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против двајцата службеници ќе биде поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност поради кршење на работната дисциплина.
Случајот е предаден на надлежното обвинителство, кое треба да ги утврди сите околности и евентуалната кривична одговорност на пријавените.
Деск

